речник контакт

Борбата меѓу вистината и лагата е вечна, пропагандата и лажни вести поттикнуваат насилство

Министерот Поповски посочи дека во дел од медиумите и социјалните мрежи, по протестите пред Собранието пред некој ден, се појавиле стари фотографии од наводни повредени меѓу нив и фотографија од пеачката Северина

Петар Печков

Борбата помеѓу лагата и вистината е вечна, ниту сега почнала ниту веднаш ќе заврши, пропагандата   е стара колку и самото општество. Ова го кажа Роберт Поповски  министерот без ресор во Владата на денешната трибина ,,Справување со дезинформации,, која сед одржа во Велес а беше организирана од УСАИД и Владата.  Поповски како пример ги посочи настаните од пред два дена, од протестите  пред Собранието и информациите кои потоа се појавија во дел од медиумите и социјалните мрежи, за наводни жртви на насилство.  

Завчера  за време на насилните протести во Скопје, пред Собранието и преку социјалните мрежи започнаа да  се шират невистини и вознемирувачки вести за наводни жртви на полициско насилство. Манипулаторите користат секакви методи,  стари фотографии, лажни текстови и постови, креираат измислици. Како наводни повредени учесници во протестите  беа сервирани стари фотографии од Северина, на поранешна Мис на Ирска и  жртва на насилство од соседните земји. Деновиве, како и годините наназад видовме колку штета може да предизвика пропагандата и лажните вести, кои поттикнуваат брутално насилство и насилно однесување.  Секој има право на протест но никој нема право на насилство и ширење невистини - кажа министерот Поповски задолжен  за отченост, комуникации и транспарентност.   

Билјана Петковска директорка на Македонскиот институт за медиуми, како го посочи примерот од вчера, кога во дел од медиумите се појави вест за смртта на рускиот амбасадор во Атина, настан кој се случи пред година и половина.   

Ако се пребара, истражи  ќе се види дека тоа е информација од јануари 2017-та година. Таа вчера дури беше објавена дури и од некои т.н. сериозни медиуми. Објавена  е во контекст на агендата која тие медиуми ја имаат, наспроти случувањата кои се актуелни во земјата - рече Петковска. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »