речник контакт

Борец Брако ја преслуша Лирија ама налета на Струмица

Женската екипа игра исто такa со струмичка екипа, со Македонија Макс

Петар Печков

Машката екипа на Борец Брако со максимални 3:0 ја совлада екипата на Лирија во одбојкарскиот куп на Македонија. Велешани иако не се натпреваруваат во првата лига, годинава паузираат,  ги преслушаа гостите препуштајќи им 13,11 и 8 поени во трите сета.  

Во наредното коло Борец немаше среќа, го извлекоа за противник најквалитетниот тим на Струмица. Во женска конкуренција исто така во четврт-финалето Борец Брако игра со екипата на Македонија Макс.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »