Петар Печков
Објавено: сабота, 15 јуни 2013
По десетина години ФК Борец се враќа во Втората лига. Откако во бараж натпреварот велешани го победија ФК Кораб од Дебар, тие станаа нови членови на Втората лига. Борец победи со подобра игра и головите на Тодоровски во 10-та, Чоков во 43-та и Левков во 65 минута.
Натпреварот се играше во Битола на стадионот Под Тумбе кафе со околу илјада гледачи. Дел од нив беа и велешани и навивачката група ,,Гемиџии,, кои неуморно ги бодреа своите миленици.
Претходно Борец победи и стана првак на Третата лига југ. Така од есен ФК Борец ќе бидат дел од 16-те екипи на второто по ранг фудбалско натпреварување во Македонија.
Најстарата веб страница во градот, ТРМР направи пионерски чекор во велешкиот информативен простор и во живо го пренесуваше натпреварот.
Tweet |