Петар Печков
Објавено: вторник, 16 јуни 2015
Велес доби суперлигаш во ракомет. Екипaта на ГРК Борец се враќа во најквалитеното друштво, откако вечерва во Скопје ја победи екипата на Текстилец од Штип со 27:23.
Ова беше разигрuвање за 10-тиот член на Супер лигата а велешани покажаа повеќе и победија. Иако првите 30 минути не јавуvаа добрi вести, штипјани водеа со 13:9, во 40-тата минута ГРК Борец израмни на 19:19 за потоа во последнтеи 10-тина минути да поведе со 25:21 а на крајот победи со 27:23.
Најефикасни во редовите на новиот суперлигаш беа Зоран Стојановски со 9 и Ивица Лазаревски со 8 гола.
За потсетување екипата на Борец беше шампион на Македонија во 1995-та а Купот го освои година порано 1994-та. Така од есен во Велес ќе ги гледаме екипите на Зонимак од Струмица, Пролет Скопје, Радовиш, Прилеп, Охрид, Пелистер, Работнички, Металург 2 и Вардар јуниор....
Tweet |