Петар Печков
Објавено: среда, 18 октомври 2017
Попладнево на Градски се одигра реванш средбата од 1/8 од Купот на Македонија. ФК Борец 1919 го пречека Пелистер од Битола, кој е актуелен освојувач на Купот.
Прволигашот како поискусен ги казни грешките на велешани и на почетокот од второто полувреме преку Пеев во 50-та и Илиоски во 52-та поведе со 2:0. Намали Танушев во 64-тата а конечните 3:1 ги постави Попзлатанов во 82-та минута.
На првата средба пред еден месец Пелистер дома славеше со 4:2 и севкупно со две победи и 7:3 оди во четврт-финалето од Куп натпреварите.
В сабота Борец требаше да игра натпревар од 9-то коло на Втората фудбалска лига Исток, но гостите Хоризонт од Турново ФФМ ги дисквалификува, па велешани се слободни.
Tweet |