Петар Печков
Објавено: понеделник, 29 октомври 2012
Продолжува победничката серија за фудбалерите на Борец. Тие во неделата ја совладаа екипата на Горно Коњари (прилепско) со убедливо 3:0 со што се зацврстија ан врвот. В недела пак е супер дербито на есента на Третата лига југ, кога на Градски во 13 часот велешани ќе се сретнат во второпласираната екипа на Кожуф исто така аспирант за пласман во повисок ранг.
Управата на ФК Борец очекува на оваа средба да присуствуваат 4 до 5 илјади гледачи, кои треба на крајот да слават заедно со фудбалерите победа за есенската титула
Tweet |