Петар Печков
Објавено: недела, 04 ноември 2012
Со голот на Петрушевски во 8-та минута фудбалерите на Борец ја победија екипата на Кожуф со 1:0. Со ова велешани имаат предност од високи седум бодови пред најголемиот конкурент за влез во Втората лига, гевгелиски Кожуф. Во тврд натпревар без многу убавина, велешани со раното водство стигнаа до потребните три бода.
За одбележување е одличната атмосфера на Градскиот стадион со повеќе од две илјади гледачи, навивачките групи кои спортски го бодреа нивниот миленик. И меѓу присутните многу гледачи од повозрасната публика кои се потсетија на ваквата атмосфера кога Борец беше во првата Македонска лига или во Третата лига Југ на поранешна Југославија.
Tweet |