Петар Печков
Објавено: среда, 26 март 2014
Неочекувано фудбалерите на Борец се враќаат со бод од гостувањето во Гевгелија каде играа без голови 0:0 со екипата на Кожуф. Домаќините се петти со 34 бода и овој резултат за претпоследниот на табелата, велешани, е вистинско изненадување. Но и натаму тие се со минимални шанси да се спасат од излегување од Втората лига.
За пласман таму се надеваат фудбалерите нa Бабуна, кои во Третата лига Југ се втори, со три бода заостанување зад лидерот Вардар од неготино. Тие во 17-тото коло на гостувањето во Варош победија со минимални 1:0 за да останат во трката за првак.
Другите две велешки екипи во оваа конкуренција ги постигнаа следните резултати. На гостувањето против Кадино во Прилеп Илинден од Башино село победи со 2:1, додека Превалец дома одигра нерешено 1:1 со екипата на Млекар. Илинден е 8-ми со 21 бод а Превалец е 1`0-ти со 19 бода. Лигата брои 14 екипи, откако две екипи се откажаа од натпреварите.
Tweet |