Петар Печков
Објавено: среда, 11 март 2020
стадион во Ѓорче Петров
судија: Грујоски Кичево
стрелци Радовиќ 17 и Десниќ 25 за ФК Борец
ФК Македонија ЃП: Јовановски, Божиновски, Де Силва, Емини, Филиповски, Јашаровски, Китановски (ж), Личина, Ферњандино (ж), Тантуровски, Воша играа и - Блажевски, Петров
ФК Борец 1919: Георгиевски, Десниќ (ж), Гавриќ, Коцев, Прелчец, Радовиќ (ж), Ристовски (ж), Силва, Стојменовски, Трајановски во игра влезе и -Анастасов
Со раните голови на новакот Радовиќ, во 17 и Десниќ во 25 мин. велешки ФК Борец ја победи екипата на ФК Македонија ЃП и избега од фенерот на табелата од Првата лига.
Ова е прва победа на гости за ФК Борец во Првата лига ова сезона. Во 23-тото коло со двата брзи гола на почетокот од средбата ,го скрши домаќинот и дојде до трите бода, кои се мошне значајни во борбата за опстанок.Така велешани врзаа две победи по ред и шест бода за три дена.
Во следното коло, фудбалерите на ФК Борец повторно гостуваат овој пат во Кратово кај ФК Силекс кој е втор на табелата и 12 кола не знае за пораз.
За одбележување што во борбата за опстанок РК Ренова пролетниот дел забележа четири последователни победи а ФК Работнички пет кола е без пораз, со едно реми и четири победи. Така сега во борбата за опстанок е ФК Струга ТЛ која е последна со 25 бода а пролетва нема победа и само едно реми. ФК Борец е деветти со 27, ФК Работнички има 28 колку што има ФК Академија Пандев која пролетва има само едно реми и четири порази, па ФК Македонија ЃП и ФК Шкупи со по 29 бода.
Tweet |