Петар Печков
Објавено: недела, 21 март 2021
Градски Стадион Зоран Паунов во Велес
судија: Ѓорѓиев
картони: жолт Чичевски, Мишевски, Трајков, Османовски (ФК Б); Николовски (ФК П)
ФК Борец 1919: Ефремов, Баша,Чичевски, Ефтимов, Ѓоргиев, Коцев, Мишевски, Омерагиќ, Ристовски, Стоименовски,, Трајков во игра влезе и Османовски,
ФК Пелистер: Трајчевски, Бошковски, Драгарски, Гудиаби, Илиески, Илиевски, Кочоски, Нето,, Пејаковиќ , Размоски, Спирковски
Фудбалерите на ФК Борец не успеаја да му се реваншираат на ФК Пелистер за поразот од пред две седмици, кога во Битола загубија со 0:1. Велешани двете најголеми шанси и имаа во две минути во 673-тата преку Омерагиќ и во следниот напад преку Ѓоргиев во 64-та кој го погоди дирекот. По ова 24-то коло, велешкиот прволигаш останува на 6-тото место, со 33 бода а Пелистер му е сосед на табелата -седмопласиран. Во следното коло ФК Борец гостува во Скопје на ФК Работнички кој има исто толку бодови како и велешани но подобра гол разлика. Средбата поради настапот на репрезентацијата н на Македонија во квалификациите за СП, се игра на 4-ти април.
Tweet |