речник контакт

Борис Ивановски, музиката беше наша преокупација

Групата Лебеди може да се пофали, дека на времето кога свиреле набавиле и имале исти тапани како Битлси

Петар Печков

Борис Ивановски свирел бас и е  член на групата Лебеди. Нивниот почеток е при крајот на 60-тите, поточно 67/8-ма година. Голем бил тогашниот ентузијазам, желба да свират, настапуваат. Интересно е како набавувале инструменти.      

Не знаевме  да свириме, само имавме силна волја за музика. Почнавме  во подруми,  на канти да тропаме, одевме во Маслодајна да работиме за да спечалиме пари да купиме инструменти. Работевме по бавчи, и на прочка сме тропале на врата оптирили лајлам ја пеевме,  за пари да се собрат. Собравме нешто и Синавер го испративме во Бугарија, тој  купи добош и жици за обична гитара и чинела. Голема радост и желба имавме. Потоа стариот, татко ми зема  дури и кредит за гитара да купиме  Така  почнавме полека, полека. За Нова година  сите пари собираат за пречек па  и ние, ама од нив купивме една кокошка, ориз од  дома, ракија, другите за музика. На секој начин  собиравме пари. Така во 70-та имавме инструменти, исто  како што имаа Битлси, што е голем успех оти за малку време го направивме тоа – вели Боре.

Групата со која свирел  била Лебеди, во која членувале Трајче Арсов, Љубе,  Борис Ивановски, Мите Грозданов и Синавер, подоцна дошол  Тоше клавијатура поточно хармониум  кој се полнел со вентилатор, па на  концертите  повеќе се слушал тој отколку хармониумот.

Работевме вежбавме по подруми,  во Соколаана, па по холот на Гимназија, свирки, концерти,забави. Па и турнеја  имавме, Југот ни беше како менаџер. По Градско, Демир Капија, Неготино,  Одлично не примија, како Битлси да дошле  а ние со едно појачало отидени.  Го свиревме тоа што го слушавме на Три гонга, што се пушташе на радио Скопје, тоа го свиревме и знаевме. Немаше од каде да се најде музика, 50 пати ја слушавме за да ја научиме.  Немаше магнетофон, касетофон.  И Радио Луксембург се слушаше, само прием слаб имаше. Англиските песни со штрафчиња ги правевме, кој како ќе слушне, така си ја пее. Цоро беше посебно јак, тој се истакнуваше во пеењето со за него разбирлив англиски – објаснува Ивановски.

Откако се растуриле  Лебеди се оформила групата   Бели мугри. Имало и многу  други комбинации оти тие  биле музичарите, така се до 80-та година Ако со Лебеди и Бели Мугри свирел  бас, во 80-те кога преминал во Кактус  и таму  свирел гитара.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »