речник контакт

Борка отвори канцеларија во Велес

Борка им испраќа порака на заболените од рак, дека можат да живеат уште многу, многу години

Петар Печков

Претесна беше ново отворената канцеларија на здружението на заболени од рак ,,Борка,, во  Велес да ги прими сите нејзини членки.  Таа е прва  што работи надвор од Скопје и брои стотина членови, не само жени има и мажи, не само од Велес туку и од околината. Канцеларијата започна да работи симболично со сечење на розова торта, на која го имаше знакот за борбата против канцерот.

Велес има голем број на заболени од рак,  високо ризичен, што се должи на работата на топилницата и овој град е во врвот во Македонија по овие заболувања. Сакаме здрава популација и потребна е поддршка  на  болните, со  соодветни третмани и лекувања, навремени  операции и интервенции. Борка најмногу се залага  болните да знаат дека во таа тешка борба има пријател, бидејќи е  многу тешко кога се останува сам. Ќе им помагаме на болните да го изодат патот, кој не е ни малку лесен – реча  Биба Додева претседател на здружението Борка.

Нејзините членки  ќе можат да добиваат поволности при добивањето на протезите, периките, градниците. 

Борка е другачка на заболените жени од рак. Ако не е таа, овие жени што тука се собрани никогаш нема да се сретнеа и запознаа. Сите имаат сите проблем ама никој со никого не си го кажува. Борка им кажува  дека можат да живеат уште многу, многу  години. Сакаме да го намалиме процентот на морталитет во градот,  што помала смртност на заболените. Никој не знае кај кого ќе се појави оваа болест, никој не е имун. Не можеме да го спречиме неговото појавување, но може да се открие во ран стадиум и така заболениот да има успешно лекување   - вели Марга Данаилова координатор на канцеларијата на Борка во Велес.

Од мојата пракса можам да кажам, дека е  ракот во Велес многу зголемен, тоа го добивам како информација и од разговорите со моите колеги. Од нив дознавам дека бројот  на пациенти со рак на  дојката, дебелото црево, белите дробови е многу поголем.  Паметам  кога започнав да работам пред 25 години во Црвениот крст, ги воведов систематските  прегледи за откривање на ракот на дојката, жените тогаш  беа уплашени  а одѕивот беше многу слаб. Сега жените сами доаѓаат и барат термин за преглед, толку се промени свеста – рече д-р Филип Тодоровски од велешката Општа Болница. 

Здружението на граѓани за борба против ракот  Борка на ниво на Македонија бори 10 илјади членови а во Велес повеќе од тристотини.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »