речник контакт

Бошко Караџов со нова книга „Естетика на стрипот“

Тоа е збирка на огледи од областа на филозофијата и стрип -уметноста

Петар Печков

Деновиве од печат излезе најновата книга на Бошко Караџов со наслов „Естетика на стрипот“, збирка на огледи од областа на филозофијата и стрип- уметноста. Како што информираа од Филозофското друштво на Македонија, книгата е поделена во три целини.

„Во првиот дел со наслов „Онтологија на деветтата уметност“ се говори за одделната естетичка природа на графичкиот роман и за обрасците на создавањето дигитални (с)ликовни раскази во рамките на концептот за бесконечното платно. Во вториот дел со наслов „Историја на стрипот“ е претставена повеста на (с)ликовното приповедање од праисториските почетоци в пештерското сликарство, па преку средновековните графички раскази, па сè до воспоставувањето на модерниот стрип- формат во XIX век. И во завршното поглавје, со наслов „Идеологија и стрип -култура“ се говори за анти-стрипската книга Seduction of the Innocent, за појавата на underground стрип-сцената, како и за македонските стрипови од едицијата Никогаш роб“ - соопштија од   Филозофското друштво на Македонија

Бошко Караџов е филозоф, теоретичар на културата, професор и научен истражувач во полето на графичката литература и интермедијалните уметности.

Автор е на книгите „Парадоксите на индуктивната логика“, „Compendium philosophiae“ и „Логичка анализа на научното познание“.

„Естетика на стрипот“ е издадена со поддршка на Министерството за култура, во издание на издавачката куќа „Стрип -квадрат“ и наскоро ќе биде достапна низ книжарниците во Скопје и Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »