речник контакт

Бошковски – да кажеме збогум на Југо Македонија и југо вмровците

Погубната економска политика на ВМРО-ДПМНЕ во Велес ги затвори Киро Ќучук и Жито Вардар – смета генерал Стојанче Ангелов

Петар Печков

Коалицијата ВМРО за Македонија имаше средба со граѓаните на Велес.  Лидерите на Обединети за Македонија   Љубе Бошковски и на партијата Достоинство Стојанче Ангелов, преставија дел од својата програма. Тие истакнаа дека се залагаат за еднаквост на граѓаните без оглед на верата и политичката определба.  

Погубната економска политика на ВМРО-ДПМНЕ  се одрази во Велес.  Неколку важи фабрики кои работеа, вработуваа луѓе се затворени, токму во времето на Никола Груевски.   Таков е случајот со Киро Ќучук најголемиот производител на цигли, Жито Вардар најголемиот производител на леб и  Благој Ѓорев е во лоша состојба. Една од работите кои иритираат  а се однесуваат на носителот на листите на ВМРО-ДПМНЕ  во ИЕ 3. Тоа е пример за лицемерие и двоен морал.   Водат кампања  за трето дете, луѓето да се женат.  Затоа го повикувам Илија Димовски да се ожени оти има 36 години, верувам дека има доволно пари за да оформи семејство. Јас сум татко на три деца. Тие зборуваат едно за  а прават друго. Треба со сопствен пример да покажат на дело     – изјави Ангелов, кој е носител на листат ана кандидати на оваа коалиција во ИЕ 3.  

Тој реагираше и на постоењето на  албанските паралелки во градов. Иако во Велес  немало  ученици Албанци, тие се носат од општина Чашка, за него е неприфатливо да овие паралелки работа во Гимназијата во Велес.  И немало  причина велешани да гледаат млади Албанки забулени со шамии.  Додаде дека не се против употребата на албанскиот јазик, таму каде Албанците  ги има до 20 отсто, но не и таму каде ги нема. 

Дојдов да го поддржам херојот на Татковинската војна, генерал Стојанче Ангелов. Велес даде жртви во оваа војна и Велес ќе му врати на Ангелов.  Д ве потсетам дека 25 години Македонија е суверена држава, во која треба да владеат правдата и демократијата и човековите права.  За толку години комплетно е напуштена идеологијата на ВМРО. Ние живееме во Југо Македонија, која е инсталирана  од страна на тие што се нарекуваат вмровци.  Македонија овие десет години се гради од стар материјал, удбаши и нивните наследници. Од нив не се гради демократска Македонија.   Сакаме да живееме во модерна Македонија, во која ќе се почитуваат вредностите на ВМРО. И затоа го враќаме ВМРО на  вмровиците. И затоа им кажуваме збогум на југо вмровците и Југо Македонија. Таква држава не сакаме. Ќе ја воскреснеме Македонија и ќе ја внесеме во НАТО и ЕУ – рече Бошковски.    

На листата на оваа  коалиција во Изборна единица 3 се двајца велешани  7 е Зоран Ѓуровски а 19 е  Билјана  Настова.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »