Петар Печков
Објавено: вторник, 19 октомври 2021
Утрово претставници на Бошњачки Демократски сојуз реагираа дека им недостигаат гласови на листата на кандидати за советници. Иако истите биле регистрирани по записник од Избирачко место, ги немало на резултатите на ДИК. За овој проблем беа упатени да вложат приговор до ОИК. Од БДС велат ОИК Велес прави кривично дело и бараат надлежните да го испитаат случајот.
„На избирачко место 2209 лоцирано во Горно Оризари според записник имаме освоени 237 гласови. ОИК нас ни запишал 0 (нула) гласови а гласовите беа распределени на другите учесници. Реагиравме до ОИК Велес преку е-маил, доставивме материјал. По некое време ни се јавија од ОИК и кажаа дека проблемот е разрешен. Можам да кажам, вака ни се случи таму каде имавме набљудувач, а како било каде немавме е голема дилема“ - кажа Енвер Карталовиќ носител на листа и претседател на Бошњачки Демократски сојуз.
По оваа нивна реакција, прашањето како се случи вакво нешто, упатено до ОИК Велес, немаше одговор. Како и сите денови во изборната кампања, затворена за јавност, без комуникација. За илустрација реакциите на членовите на избирачките одбори, кои ОИК Велес ја посочија за недорасната за оваа задача. Во избирачките одбори саботата чекале по пет до осум часа да го добијат материјалот за гласање и опремување на избирачките места.
Иако им било кажано да бидат на местата во 8, 9 или 10 часот го добиле попладнето во 16-17ч. а за тоа време биле во простории кои се незагреани. Слично поминале и во неделата навечер кога се доставувале назад до ОИК доверливиот гласачки материјал. Последните избирачки места го предале околу 9 часот утрото а чекале со часови, цела ноќ Но и за ова одговор немаше од ОИК.
Бројот на освоени гласови за советници по корекцијата е следен:
ЛДП/ДОМ 130 -0,54%
ДУИ 941 -3,93%
ВМРО-ДПМНЕ 10.736 -44,80%
СДСМ 7.271 -30,34%
ЛЕВИЦА 3.113 12,99%
Единствена Македонија 78 0,33%
ИНТЕГРА 104 -0,43%
Бошњачки Демократски Сојуз 545 2,27%
претходно имаше 308 - 1,29%
Твоја Партија 115 -0.48%
И по новата распределба на гласовите нема промена во советничките места во Општина Велес 11 за коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, осум за коалицијата на СДСМ, три за Левица и едно за ДУИ.
Tweet |