Петар Печков
Објавено: сабота, 12 јануари 2008
Годинашниот избор на Македонската песна за Евровизија ќе се случи на 23-ти февруари во Метрополис арената (Сајмиште) и на него ќе учествуваат 21 пеач.
Музиката ќе оди на матрица, а пеачите ќе пеат во живо. Жирито кое ги селектирало песните е составено од поранешните македонски учесници на Евровизија - Каролина, Мартин Вучиќ, Елена Ристевска.
Музичките стилови се разновидни од балади, преку техно, денс, поп, рок. Листата на учесници е шарена: Синтезис, Туна, Ноне, Ламбе Алабаковски, Ристо Самарџиев, Нокаут, Соња Тарчуловска, Влатко Илиевски (Морал), Паркети, Елвир Мекиќ, Маја Вукичевиќ, Џокси, Соња Лефкова, триото Тамара-Врчак-Гаџа и дуетот Бојан 13 заедно со албанската пеачка Биг Мама.
Начинот на гласање сеуште не е одреден, ама сигурно е дека ќе има и телевоутинг.
Евросонгот ќе се одржи во Белград на 22 и 24 мај.

Tweet |