речник контакт

Бојан Ѓорѓиов в.д директор на ОУ Тодор Јанев од Чашка

Општина Чашка на седница на Совет обезбеди средства за изградба на платформа за објектот на новото училиште кое ќе се гради во село Бањица

Петар Печков

Бојан Ѓорѓиов, одделенски наставник од ОУ Тодор Јанев од Чашка е в.д. директор на училиштето а досегашната директорка Елена Николова е разрешена. Ова е одлука на градоначалникот Горан Стојановски, веднаш откако попладнево му беа вратени надлежносите за училиштето.

Вечерва тој во центарот на населбата имал обраќање кон жителите, за решението кое е договорено помеѓу премиерот Џафери, министерот за образование Шаќири, пратениците Коциќ, Кадриев, Здравковски, градоначалникот Стојановски. 

„На денешната седница на Советот донесовме одлука за одвојување на средства за изградба на дел од  објектот кој  ќе биде училиште, лоциран во село Бањица, обезбедивме локација каде ќе се гради платформа за објектот. Останува сега учениците да го продолжат образовниот процес“ изјави за ТрМр рече градоначалникот Стојановски.

Владата и Министерството за образование треба да издвојат средства за изградба на училиштетоти негово опремување, во Бањица. Тоа треба да заврши до почетокот на следната учебна година 1 сепетември 2024. Таму настава ќе посетуваат ученици на албански мајчин јазик.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »