речник контакт

Бојан од Чашка одгледува украсно цвеќе, за убави дворови и тераси (фото)

Бојан е љубител на цвеќе, наследена љубов од родителите

Петар Печков

Младиот Бојан Ѓорѓиов од населба Чашка, од пред четири години се впушти во нов семеен бизнис. Иако е дипломиран наставник за основно образование, тој започна да одгледува расад за цвеќе.

Така ја продолжува семејната традиција, бидејќи неговите родители цел живот работеле расад за градинарство, за пипер, домати и краставици.

„Кога веќе работевме со расад за пипер, зошто да не пробаме и со расад со цвеќе, бидејќи ни е позната работата. Како научив? Уште од мали нозе сум тука, во фолиите. Како мало дете се врткав околу родителите и така научив“ – вели Бојан.

Тој има   29 години и работи како   наставник во училиштето „Тодор Јанев“ во Чашка. Љубител е на цвеќе, наследена љубов од родителите.

„Посебно ја сакам сурфинијата, еден вид хибридна петунија- лазечка, висечка.  Одгледуваме и 1001 цвет, сардела калиопа, старска сардела, бегонија, далија- ѓурчин, џунџуле, обетка, петунија, вербена“ – додава Ѓорѓиов.

Оваа година се погодија временските услови, па се стасало  еден месец порано, понапред од вообичаено. Одгледуваат и расад за домат и краставица,  работат со хибридно  семе.

„Работиме на квалитет, не не квантитет. Важнен е добар и здрав  корен, добра лисна маса, добро стебло, цвеќето  ќе издржи цело лето и ќе биде полно со цвет.  Имаме климатски изменето време.  Без заштита, без препарати, не опстануваат. Таква е климата, времето се измени, мора да има заштита, за да бидеме задоволни и од цвеќето и од зеленчукот“ – кажа Бојан. 

Од продавачите на цвеќе, од цвеќарниците во Велес, немало интерес да набавуваат од кај него.

Цвеќето кое го одгледува го краси и домашниот дворот. Него  го красат и  пауни, украсни кокошки, заради хоби. Се заедно со цвеќето прави идилична слика на домот на Ѓорѓиови, во населба Чашка.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »