речник контакт

Бојкот на наставата во ОУ „Тодор Јанев“ во населба Чашка

Родителите се противат да се отвори паралелка на албански јазик

Петар Печков

Учениците од Основното училиште „Тодор Јанев“ од Чашка, денес беше без ученици. Според родителите, поголемиот дел од учениците основци, не бил ја бојкотирал.  Родителите објаснуваат зошто се случил овој настан во образованиот процес. Во училиштето настава посетувале околу 200 деца.

„Има обид во училиштето да се формира албанска паралелка. Ова не е прв обид, имаше и пред неколку години. Министерството за образование ги одзеде ингеренциите на училиштето. Училишниот одбор е разрешен усно, без документ, членовите немаат добиено решение. Иако нема УО се распишуваат огласи за вработување, иако треба УО да ги потврди. Иако конкурсот уште трае , наставникот на албански јазик е веќе на работно место. Имаме поднесено претставки до секторот за економски криминал во СВР Велес, до трудова инспекција, до државниот просветен инспекторат. Се очекува наскоро Министерот за образование да ја потпише одлуката за паралелка на албански јазик. Има распишано конкурс и за интернатот, иако тој не работи, не згрижува деца“ - велат родителите на учениците.

Според родителите на основците, ингеренциите на  училиштето биле  одземени од локалната власт, оти директорот нe постапил по барањето на родителите  да се формира албанска паралелка,  за учениците да учат на мајчин албански јазик.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »