Петар Печков
Објавено: вторник, 08 март 2011
Честитки и пофалби за пожарникарите кои учествуваа во гаснењето на огнот во зградата на улица 11 Октомври Велес, при што еден до нив заврши во болница а предизвикувачот на пожарот доби кривична пријава. Ова е епилогот од саботната драма која држеше во заложништво десетина станари од високите катови, откако изби пожар во подрумските простории.
За ова СВР Велес против Јован Танев ( 66 год) поднесе кривична пријава за предизвикување на општа опасност. Според неговата изјава дадена во полиција, тој во саботата околу 14 часот, се симнал во подрум каде ја прелевал ракијата од еден во друг сад, при што еден дел од неа истекол и од невнимание се запалила. Огнот бргу се ширел и тој, заедно со соседите кои притекнале на помош не можеле да го згаснат огнот, по што паднал во бессознание и подоцна пожарникарите му го спасиле животот, извлекувајќи го навреме. Среќна околност е што при толкав оган не се запалиле трите боци со плин кои биле во просторијата. За ова заслуга има брзата и смела акција на противпожарната единица. Градоначалникот на Велес со пофалби за пожарникарите.
Благодарејќи на професионалната акција на пожарникарите, која максимално брзо е изведена, таа е исклучително успешна, спречена се големи материјални штети но и можноста пожарот да има трагичен епилог. Затоа јавно ги пофалувам сите што биле таму, на интервенција, бидејќи покажале големо пожртвување, а еден до нив завршил во болница. За жал личната опрема на противпожарната единица е делумно застарена и ние како локална власт ќе преземе одредени активности за таа да се обнови – изјави градоначалникот Горан Петров.
Пред една година, во близина на оваа зграда се случил ист таков голем пожар во подрумот, кој ги држел како заложници станарите од повисоките катови. Ова ја отвора проблематиката за подрумските простории кои се депоа каде станарите чуваат лесно запалив материјал, со што во опасност ги доведуваат нивните живот. Градоначалникот Петров смета дека примена на казнената политика од страна на комуналниот инспектор, задолжен за оваа област, нема да ја смени состојбата на теренот, туку треба да се делува превентивно, со едукација на граѓаните.
Tweet |