Петар Печков
Објавено: среда, 06 февруари 2019
По бранот на разрешувања и оставки во велешките локални институции именувани се вршители на должност.
Во ЈКП Дервен поставен е Душко Ќумбев дипломиран економист менаџер и дипломиран менаџер по осигурување, откако поради морални причини досегашниот директор Ѓоре Стојанов поднесе оставка. Тоа е поради синот Јане Стојанов кој е раководител на Регистрационото одделение на Централен регистар Велес.
За в.д. директор на ЈП Парк Спорт е поставен Александар Дамчевски -дипломиран правник. Тој доаѓа на оваа позиција откако досегашниот директор Златко Гуцев беше разрешен поради незадоволителни резултати и неповолната состојба во материјалното и финансиско работење на ова ЈП.
Денес оставка од лични причини, заминува на друго работно место, си поднел Александар Гулевски директор на ЈП Велес гас. За в.д. директор е поставен Зоран Синадинов дипломиран земјоделски инженер.
Денес бил разрешен и в.д. директорот на ЈЗУ Општа Болница Велес д-р Димитар Стровјаноски а е поставен д-р Божидар Бојаџиев спец. за уво, нос и грло.
Анкица Калешова и дипломиран одделенски наставник е в.д. директор во ОУ Благој Кирков откако на досегашната директорка Сениха Брзева и заврши четиригодишниот мандат. Таму е веќе распишан конкурс и се очекува наскоро да биде избран нов директор.
Tweet |