речник контакт

Брат го претепал брата си во Оризари, велешанец прегазил пешак во Скопје

Од полицискиот билтен изминатиот викенд

Петар Печков

Саботата наутро во Горно Оризари крвава расправија меѓу двајца браќа, завршила со тешки повреди на помалиот брат.

На 28 септември  околу 06,30 часот во СВР Велес било пријавено дека во  Горно Оризари, велешко во нивната семејна куќа, по претходна расправија Ј.Х.(30) физички го нападнал својот брат М.Х.(23) нанесувајќи му тешки телесни повреди - информираа од МВР.

Саботата претпладне велешанец, кој управувал камион, во Скопје удирл во пешак, кој од здобиените повреди починал.  

На 28 септември  во 08,40 часот било пријавено дека на булеварот „Србија“ во Скопје, во близина на железничкиот мост, товарно моторно возило „МАН“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Р.(40) од Велес, удрило во пешакот Ј.Љ.(61) од Скопје кој починал на местото на настанот - информираа од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено за обдукција.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »