речник контакт

Брат за брат, вода за пари

ЈВП Лисиче започна со наплата на водата која му ја дистрибуира на ЈКП Дервен, но засега тоа нема да се одрази со повисока цена која ќе ја плаќаат граѓаните.

Петар Печков

ЈВП Лисиче започна со наплата на водата која му ја дистрибуира на ЈКП Дервен, но засега тоа нема да се одрази со повисока цена која ќе ја плаќаат граѓаните. Од завчера потпишан е купопродажен договор помеѓу овие два субјекти, со кој Хидросистемот Лисиче наплатува 2,36 денари од кубен метар. Договорот е потпишан на временски период од пет години, а договорената цена е со рок на важење до крајот на годинава.

- И покрај тоа што во цената што потрошувачите ја плаќаат од 30,40 денари за метар кубен имаме нова обврска да плаќаме нови 2,36 денари трошок, се додека важи договорената, нема да има повисока цена за граѓаните. Имаме резерви во ЈКП Дервен до крајот на годинава да ги исполнуваме и обврските за враќање и на кредитот МЕАП со кој се обвновија водоводната мрежа во градот – изјави Ѓорги Коџобасшиев директор на ЈКП Дервен на вчерашната прес конференција. Со овој договор решен е проблемот за вода запиење на велешани во следните неколку  години. Така Велес трошел 4 милиони кубни метри вода годишно а во акумилацијата Лисиче имало 24,5 милини кубни метри вода, или како што објаснија од раководствата дека доколу следните 5 години не падне капка вода во регионот, Велес ќе нема проблем со вода за пиење. Од ЈВП „Лисиче“ велат дека тие дистрибуираат технолошка вода до Велес, која попатно може да се користи и во општина Чашка. Парите што ќе ги добиваат од ЈКП Дервен немало многу да влијаат на економското работење.

- За да биде заокружен целиот ХС Лисиче треба да се доизгради цевководот до езерото Младост, со кое што освен тоа ќе се полни и ќе се наводнуваат 4,5 илјади хектари површини во неговата околина. Досега се поставени цевки во должина од 1,7 км а остануваат уште 5,5 км. Кога ќе се заврши тоа, преку парите од корисниците за водата што ќе се наводнуваат земјоделските површини, ќе можеме успешно да работиме. Засега се користи само 10 осто од водата со која располага амумулацијата – изјави Ацо Петров директор на ЈВП Лисиче.  Владата веќе започнала постапка за доделување на водата од езерото Младост на концесија на ЈВП Лисиче, со што конечно тоа по шест години ќе добие стопан. Досега водата од него ја користеа сопствениците на околните површини засадени со лозје а за тоа не плаќаа никому никаков надомест.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »