речник контакт

Братислав Ташковски е годинашниот добитник на Рациновото признание

Братислав Ташковски е годинашниот добитник на Рациновото признание за неговата книга ,,Кафе од гревови,, во издание на Макавеј.

Петар Печков

 Ова е едногласната одлука на жирито во состав Трајче Кацаров, Маја Јакимовска –Тошиќ и Светлана Христова Јоциќ. Тие сметаат дека авторот во ова дело се претставува како впечатлив раскажувач, кој со неговото дело остава пишано сведоштво на едно сложено време, почетокот на 20-тиот век.

Преку ликот на Иван Источни, посветен духовник и бунтовен револуционер, е претставена драмата на неговата потрага по сопствената верба. Ваквите пребарувања  му ја даваат на главниот лик  димензијата на активист, револуционер и бунтовник со крст и оружје. Приказната преку реалните историски случувања, кога македонското прашање се затвараше преку најсуров начин, на поделби, жртви и искушенија,  ликот на Иван Источни ги собираше во кафезот на неговите лични чувства и сознанија – ја образложи доделената награда д-р Маја Јакимовска Тошиќ.

Тие годинава, како ретко кога досега, имале голем број на пријавени дела за оценување, дури 25 прозни остварувања, што ја одбележувало годината на голема продукција.  За  добитникот на Рациновото признание, Ташковски  ова е голем ден бидејќи освен како учесник поет на Рациновите средби, годинава се закити со награда.

Оваа награда е големо признание за мене, благодарам на жирито што се одлучи  моето дело да биде годинашниот лауреат. Мојот јунак Иван Источни раскажува за најтемниот дел во поновата историја на македонскиот народ, од почетокот на 19 век до почетокот на Првата Светска војна. Тоа е проколнат период недоволно истражен, време на себе пронаоѓање, кога сите не делат, присвојуваат. Иван Источни, свештеник епископ, е пример за човек кој постоел во мојот роден крај, кукушко, и сите приказни во книгата се вистините – изјави авторот Братислав Ташковски, добитникот на Рациновото признание за 2010 година.

,,Кафез од гревови,, е втора книга од неговата трилогија ,,Македонка,, првата е ,,Ако даде Господ,, а третото дело ќе излезе наскоро на македонскиот пазар.  Организаторот на манифестацијата ,,Рацинов средби,,

Почесното Рациново признание годинава и го додели на   Жана Ангеловска пензиониран професор по француски јазик од Филолошкиот факултет во Скопје. Таа како родена французинка дала огромен придонес во афирмацијата на македонската литература во Франција, за што годинава ќе ја добие ова награда. 47-те по ред Рацинови средби ќе се одржат  на 10-ти и 11-ти јуни, четврток и петок во Велес.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »