речник контакт

Братот по расправија, оштетил дел од покуќнината во домот на сестра му

Сопругата пријавила дека на име на нејзиниот маж е подигнат кредит за кој тој не аплицирал

Петар Печков

СВР Велес информираше за два настани кои биле пријавени во ПС Велес.

„На 07.02.2023 во СВР Велес, 33-годишна жена од Велес пријавила дека нејзиниот брат А.С., по кратка расправија со нејзе и семејството, со остар предмет оштетил дел од покуќнината во домот“- соопшти Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

„На 06.02.2023 во СВР Велес, 42 – годишна жена од Велес пријавила дека едно лице ги искористило личните податоци на нејзиниот сопруг и подигнало кредит од финансиското друштво во висина од 90.000 денари“ - додаде Самарџиев.

Полицијата работи  на расчистување на двата  случи.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »