Петар Печков
Објавено: вторник, 03 февруари 2015
Состојбата со високиот водостој во поширокиот велешки регион најмногу ги погоди жителите на општина Градско. Таму се поплавени поголеми површини на обработилива површина, повеќе десетина хектари а реката Брегалница однесе дел и од земјиштето долж течението. Дел од овие површини се земени под концесија од државата за работа, дел се сопственост на земјоделците. Овие информации ги потврди и градоначалничката Жанета Чаушевска.
Брегалница поплави земјоделски површини и однесе дел од земјиштето. Поплавени се делови и од селото Уланци до Старо Градско, кои се по течението на реката Вардар. Комисиите веќе се на терен, по што ќе може да се каже колкава штета е причинета. Мостовите на Ногаевци и Уланци се безбедни, наносите до дрвја се отстранети и исчистени - изјави Чаушевска. Во целата несреќа добро е што малку од површините биле засеани со некоја култура. Но земјоделците сепак ги чека доста работа да се исчистат нивите од тињата и наносите.
Во велешко,во долниот тек Бабуна ги однесе пешачките мостови а поплавени се и десетина куќи.
Беше многу страшно, во понеделникот попладне. Реката надојде. Куќите кои се покрај ена се поплавени, а однесени се и двата пешачки мостови. Беше мошне лошо, и сликата и глетката. Одамна реката не била толку голема - вели Бошко кој живее во куќите близу фудбалското игралиште.
Расте нивото и на езерото Младост. Тоа денес е само половина метар од прелевање. Рудничка река и Отовичка и натаму носат вода.
За да прелие водата преку брната потребни се уште 500 илјади м3 вода. Не очекуваме дека тоа може да се случи. Ни и ако дојде до тоа, нема битно да влијае на нивото на реката Вардар и безбедноста на велешани - изјави Бобан Пановски директор на ЈВП ХС Лисиче.
Tweet |