Петар Печков
Објавено: петок, 15 јули 2011
За само десетина дена пустите плажи од езерото Младост се наполнија. Но повеќе со камепри, шатори и камп приколки отколку со капачи. Велешани реагираат на ваквата состојба.
Без оглед какви се плажите и нивниот квалитет, не е во ред јавните површини да се запоседнати од гости. Ги распослале нивните објекти и узурпираа просторот. Ова никако не е нивна сопственост и што ќе биде ако сите ставиме наши приколки, до водта нема да се стигне - велат велешани.
Тие посочуваат дека камперите се на делот повисоко од патот и тука на никого не му сметаат. Од локалната власт објаснуваат дека состојбата ќе се среди со изградбата на водоводната и на канализациона мрежа, за која градот се задолжи.
Треба да реагира комуналниот инспектор и ги отстрани новопоставените објекти. Како општина немаме можнсот да управуваме со плажите а кога ќе ни бидат дадени во сопственост, ќе можеме да ги уредиме но и да воведеме ред - велат од општина Велес. Дотогаш хаосот ќе биде присутен на бреговите од езерото Младост, по системот кој прв стигне негово.
Tweet |