Петар Печков
Објавено: понеделник, 01 декември 2014
Златко Арсовски сведокот во случајот убиството во село Ореше, остана на неговото последно сведочење. Во четвртиот процес по овој предмет,кој се води во Основиот суд во Велес, тој во претходните два даваше различни изјави, врз кои се темелеше и пресудата
. Додека беше заштитен сведок тврдеше дека Ѓоре Петровски е нарачател а браќата Ордан и Љупчо Георгиевски се извршител. Откако му беше симнат статусот на заштитен сведок ја смени и изјавата, се што зборувал претходно, било монтирано. Арсовски остана на изјавата. од 5-ти февруари.
Останувам на последната дадена изјава. Тоа што го зборував претходно ми го даде Вељо Арсовски, напишано на лист хартија, заедно со еден пакет цигари. Таму пишуваше дека Ѓоре ми се јавил од Америка телефонски и ми кажал дека браќата Ордан и Љупчо се сторителите. Така ова јас го повторував постојано во истрага и пред суд. Но тоа не е точно, ова е намештаљка - рече Арсовски.
Одговарајќи на прашања од обвинителството, тој потврди дека примал пари од Ѓоре Петровски од САД, за 3-4 години вкупно 3 илјади долари, му се јавувал телефонски за да го праша како е што има ново во селото. Вечерта кога било убиството во Ореше, таму бил и сведокот Златко Арсовски, тој слушнал истрели, но за него тоа не било новост, оти секоја вечер во Ореше се пукало, и тоа без некој повод.
Судењето продолжува во средината на јануари. Неодамна Арсовски беше осуден на шест месеци затвор, за лажно сведочење, тој додека бил заштитен сведок, поред негово кажување е најдена рамката од пушката со која е пукано, за подоцна кога го нема тој статус, ја смени изјавата, по што беше прогласен за виновен.
Тогаш Арсовски ова пресуда ја пречека со зборовите ,,од затвор се излегува, од гроб не,,. На Ѓоре Петровски како нарачател и браќата Ордан и Љупчо Ѓоргиевски им се суди оти се обвинети за убиство, кое според обвинението се случи над старецот Лазо Милошевски на 2-ри декември 2005-тата година вечерта додека подготвувал вечера.
Tweet |