Петар Печков
Објавено: четврток, 24 јануари 2013
На денешното затворено судско рочиште во Основен суд Скопје Еден прочитано е барањето за затворање на својството заштитен сведок поднесено од лицето под псевдоним ,,Бреза,, во случајот убиството во велешкото село Ореше. Истото е поднесено преку неговиот застапник адвокат Ангеле Ивановски.
Барањето било прифатено од страна на судијата Илија Танев и е сведок како и останатите во овој случај, кој се води пет години. Сега веќе поранешниот заштитен сведок ,,Бреза,, најавил дека својата изјава ќе ја даде пред велешкиот суд, на рочиште закажано за 5-ти февруари.
Останува да се слушне што гој ќе каже на ова рочиште дали ќе остане на тоа што го зборувал досега или ќе има сосема спротивно и ново видување на настаните, кои ни по толку време не можат да добијат правна разрешница. ,,Бреза,, во македонската судска пракса беше првиот сведок што прифати да влезе во програмата за заштита на сведоци, но втор, по случајот „Монструм“, што се пишмани и одлучи да се повлече.
Според обвинението Ѓоре Петровски од САД се товари дека за 20 илјади долари го платил убиството над старецот Лазо Милошевски на 2-ри декември 2005-тата во селото Ореше а како извршители за 20 илјади долари ги најмил браќата Ордан и Љупчо Ѓоргиевски. Тие во два наврати беа осудени по 12 години а Апелација го враќаше предметот на ново судење.
Tweet |