речник контакт

Брзата помош со многу работа и нервозни пациенти

Бараат разбирање и трпение поради зголемениот обем на работа, но и повици кога навистина им треба лекарска помош на болните

Петар Печков

Во службата за итна медицинска помош при ЈЗУ Здравствен дом Велес летово  имаат зголемен обем на работа.  Промената на времето, зголемен број на сообраќајки, поголема фреквенција на мотори кои се најчестите учесници во незгодите,   се одразува  на работата на службата и на здравјето на пациентите.

 Бараме разбирање и трпение до пациентите. Да не се јавуваат за непотребни работи бидејќи има лица на кои им е навистина неопходна. Имаме зголемена работа а поради летните одмори помал број на ангажирани доктори во службата. Се случува да отидеме на повик кај пацеинт за мал здрвствен рпоблем а друг да чека на кого му е навистина потребна  – вели д-р Васе Пановска началник на службата. 

Поради ваквата состојба тие имаат дежурен  доктор кој иако е дома е на повик и доаѓа на работа заради интервенции, да не се случи пациент да остане без  лекарска помош.  Велешката брза помош ика голема површина за  покривање автопатот Велес – Гевгелија  од Катланово до Градско, потоа селата од Лозово, Чашка. Така пред некој ден морале на интервенција до селото Ореше, други во Горно Јаболчиште а трети на сообраќајка кај Градско, што физички тешко се стигнува да се покрие со двајца дежурни доктори, при  што еден мора да има  во службата.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »