Петар Печков
Објавено: петок, 27 ноември 2020
Од средата започнаа брзите тестирање за корона вирусот и во Велес, кое се одвива преку Здравствениот дом. Закажувањето, е преку матичен лекар и тоа доколку пациентот го исполнува алгоритмот, односно има симптоми на ковид-19, не повеќе од 5 дена. Тестирањето се врши во просториите на некогашното ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот, истата локација каде се врши и тестирање од страна на Центарот за јавно здравје.
Тестирањето е во терминот од 11 до 14 часот, има на располагање 40 термини преку „Мој термин“ и е бесплатно за граѓаните. Тестот се работи во различни простории од тие што ги користи Центарот за јавно здравје - изјави Николче Димовски, директор на Здравствен дом Велес.
Брзи тестови досега се работеа во Скопје, од минатата седмица во Здравствените домови во Штип, Гостивар, Прилеп, Струмица и Општата болница во Кичево.
Од средата започна тестирањето со брзи антигенски тестови во Општите болници во Кочани и Кавадарци, Здравствените домови во Куманово а од вчера, четврток со брзи тестови почнуваат и Здравствените домови во Битола и Делчево.
Tweet |