Петар Печков
Објавено: среда, 14 ноември 2012
Експресниот воз Хераклеа која сообраќа на линијата Битола - Скопје и обратно започна да сопира и на железничката станица во населба Чашка. По реакциите на жителите на оваа населба, при неодамнешната средба со Владата кога се пожалија дека овој брз воз не застанува во населбата а тој им е еден од малкуте врските со главниот град на земјава Скопје, раководството на ЈП Македонски Железници брзо реагираше и тој сопира во правец кон Скопје во 7,15 и во правец кон Битола во 18,05 часот. Овој воз како експресен досега сопираше само во Велес, Богомила и Прилеп. Така ќе биде се до траењето на овој возен ред, средината на декември годинава.
Tweet |