Петар Печков
Објавено: понеделник, 08 март 2021
И денес понеделник, билтенот на Министерството за здравство покажува во велешко има повеќе оздравени - 22, отколку ново заразени -осум случи на лица позитивни на ковид-19. Со тоа активни се 228 случаи а досега се заразени 3.577 лица.
Досега во велешко има 113 лица починати од последица на ковид заразата
Од велешка Болница информираа дека кај нив се згрижени 42 пациенти, од нив 35 се на Инфективно одделение и седумина на Интерно. Од лежечките пациенти 28 се потврдено позитивни, по седум лица се водат како сомнителни и исто толку пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 13 пациенти.
Tweet |