Петар Печков
Објавено: вторник, 27 април 2021
Осумнаесетти ден во велешко има повеќе оздравени отколку ново заразени со ковид-19, покажуваат бројките на Институтот за јавно здравје. Од нив два дена, двата понеделника, вчера и претходниот, немаше ниту еден случај. Изминатите 24 часа регистрирани се 35 оздравени пациенти и 15 ново заразени. Активни се 550 случаи а досега во велешко биле заразени 5.353 лица
„Почината е пациентка на 87 годишна возраст, позитивна од Свети Николе лекувана четири дена во Модуларната болница. Во текот на вчерашниот ден транспортиран е пациент на 67 години во ковид центарот на Клиника за Пулмологија -Скопје. На кислородна поддршка се 36 пациенти. Испишани се седум пациенти како оздравени со по еден негативен тест “ - соопшти д-р Елеонора Јованова, портпарол на Општа Болница Велес.
Во велешка Болница вкупно се хоспитализирани 76 пациенти, од кои на Инфективно одделение се 35, по пет на Интерно, седум на Физикално и во Модуларната болница се 29 пациенти. Потврдени позитивни се 63, еден е сомнителни и 12 пациенти со негативен брис но задржани на болничко лекување.
Tweet |