Петар Печков
Објавено: петок, 12 март 2021
Билтенот на Институтот за јавно здравје на Македонија, за денес, петок, соопшти дека во велешко има 21 ново заразен позитивен на ковид-19 и единаесет оздравени пациенти. Со тоа активни се 295 случаи а досега се заразени 3.692 лица.
Во велешко од последиците на корона вирусот досега починале 116 лица.
И денес петок, висок број на хоспитализирани во велешка Болница, позитивни или сомнителни на ковид-19. На лекување се 47 пациенти, од вкупниот број 40 се сместени на Инфективно одделение и седум се на Интерно.
Од лежечките пациенти 36 се потврдено позитивни, двајца се сомнителни и девет лица се со негативен тест но задржани на болничко лекување. На кислородна поддршка се 16 пациенти. Испишани се шест пациенти како оздравени со еден негативен тест.
Tweet |