Петар Печков
Објавено: сабота, 08 јануари 2022
Министерството за здравство соопшти дека изминатите 48 часа во велешко се регистрирани 30 случаи на ново заразени со ковид-19, вчера 20, денес 10 а оздравени се 10 пациенти, по пет овие два дена. Со ова бројот на активни случи се искачи на 162 лица. Нема починато лице од велешко, од последиците на корона вирусот.
Бројот на хоспитализирани во двете одделенија од велешка Болница, е во опаѓање и денес, сабота претпладне е 16 пациенти. Ново примени нема а испишани со по еден негативен тест се двајца пациенти.
„Има девет пациенти кои се позитивни, непотврдени се петмина и двајца се негативни, но со потреба од продолжено лекување. На кислородна поддршка се осумпациенти“ - кажа д-р Eлена Левкова Ќулумова, портпарол на велшка Болница.
На Инфективно одделение згрижени се 10 а на Интерно одделение шест пациенти.
Tweet |