Петар Печков
Објавено: вторник, 05 април 2022
Изминатите 24 часа во велешко регистрирани се три нови случаи со кoвид-19 во велешко, а оздравени се седум пациенти. Со ова бројката на активни случаи е 22 лица. Починати во велешко нема.
Денес, вторник, како и вчера во двете ковид одделенија од велешка Болница, згрижени се седум пациенти. Hа Инфективно хоспитализирани се тројца а на Интерно се четворица пациенти. Нема ниту ново примен ниту испишани.
„Двајца пациенти се потврдено позитивни, непотврден е еден случај а негативни се четворица но со потреба од болнички третман. На кислородна поддршка е еден пациент“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.
Tweet |