речник контакт

Бројот на активни случаи со ковид-19 во велешко падна под сто, има еден починат

Во Болница се 34 пациенти

Петар Печков

 Откако изминатите 24 часа, Министерството за здравство во велешко регистрираше тројца оздравени и еден нов случај на позитивен на ковид-19, бројот на акви случаи во велешко падна под сто, има 99. Досега биле заразени 5.463 лица.

„Утрово , починат е пациент на 63 годишна возраст, позитивен на ковид-19, од Велес, лекуван на Инфективно одделение 13 дена. На кислородна поддршка се 20 пациенти. Испишан е еден пациент како оздравен  по еден извршен тест кој бил негативен - кажа д-р- Елеонора Јованова, портпарол ан Општа Болница Велес. Починатиот е 171 жртва на последиците од корона вирусот.

Хоспитализирани  во велешка болница се 34 пациенти,  од кои  21 се потврдени позитивни, четворица  сомнителни  и девет пациенти со негативен тест но задржани на болничко лекување, поради здравствени проблеми.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »