Петар Печков
Објавено: недела, 27 февруари 2022
Изминатите 24 часа во велешко има 21 нови случаи на лица со корона вирусот а оздравени се 15 пациенти, соопштија од Министерството за здравство. Бројот на активни случаи во велешко падна на 200 лица и изнесува 199. Починати нема
Во двете ковид одделенија од велешка Болница згрижени се 22 пациенти, еден помалку од вчера . Hа Инфективно се хоспитализирани 19, на Интерно тројца. Нема ново примени и испишани пациенти.
„Потврдено позитивни се 16, непотврден се тројца и негативни се исто така тројца пациенти но со потреба од болничка нега. На кислородна поддршка се 11 лица“ - кажа д-р Елена Левкова Ќулумова, портпарол на Општа Болница Велес.
Tweet |