Петар Печков
Објавено: вторник, 17 март 2020
Според податоците презентирани од д-р Бојан Тодорвски од Центарот за Јавно здравје Велес, во текот на мината седмица, има сериозно опаѓање, за третина помалку, на заболени од сезонски грип во велшко.
Регистрирани се 116 ново заболени лица, што во споредба со првата седмица од март е една третина. Тогаш беа заболени 354 лица.
Минатата седмица имало 57 лица во возрасната категорија од 15 до 64 години, а по 24 за децата од училишна возраст од 5 до 14 и за претшколска возраст до четири години. Најмалку имало во највозрасната категорија +65 само 11 лица.
Во месец март имало 470 заболени за две седмици, додека за првите два месеци од годинава во велешко имаше 2.177 лица заболени од сезонски грип.
Tweet |