Петар Печков
Објавено: четврток, 26 март 2020
Во третата седмица од март, во велешко матичните доктори регистрирале 60 заболени лица од сезонски грип. Ова се бројките кои ги соопшти д-р Бојан Тодорoвски од ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес.
За потсетување во втората седмица од март имаше 116 заболени лица.
Од 60-те ново заболени, најмногу 26 се деца од претшколска возраст, потоа доаѓаат деца од училишна возраст 17, па најголемата возрасна група од 15 до 64 каде има 14 заболени и над 65 години возраст има само три лица.
Вкупно во месец март има 530 лица а во првите два месеци годинава имаше 2.177 заболени лица од сезонски грип во велешко, каде се и општините Градско и Чашка.
Досега од последиците на сезонскиот грип во Македонија починаа три лица, исто колку и од новиот корона вирус.
Tweet |