речник контакт

Бројот на таксисти со лиценца порасна за 35 нови возачи

Во општината има околу 160 легални такси возачи, деновиве одбележани и такси стојалиштата

Петар Печков

По засилената контрола на такси возилата и такси возачите, зголемен е бројот на легални такси возачи. Ова го кажа градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски, потенцирајќи дека и натаму локалната власт ќе продолжи со контролите, во интерес на возачите кои се одлучиле , професионално да се бават со оваа услужна дејност.  

Од почетокот на годината до почетокот на месец мај надлежната испекторка има направено 98 записници за  сторени прекршоци. За 30 има издадени решенија да во рок од 60 дена извадат потебни документи за лиценца, за 68 доставен е прекршочен налог. Како резултат на нашите активности бројот на регистрирани такси возила  за овие неколку месеци е зголемен за 35 нови дозволи а за седум е во тек - изјави Коцевски. Деновиве беа одбележани такси стојалиштата во градот, наменети за овие превозници. 

Леганите такси возачи, на почетокот од годинава на средбата со градоначалникот Коцевски побараа ред во оваа дејност, што претходните години во неколку наврати го бараа истото.  Проблемите ги лоцираа во  нелојалната конкуренција и паркинг просторот за такси возилата кој е зафатен од други автомобили.    Коцевски за второто прашање надлежноста ја префрли на сообраќајната полиција.     

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »