речник контакт

Бруцошите и од информатика и од туризам во Велес, стартуваа со настава

Новина е што и на двата факултети имаат четири години наставна програма

Петар Печков

Првиот час во наставната 2015/16 година денес започна и за студенти од прва година од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, диспензирани студии  во Велес, на насоката Осигурување.  Тука има запишано 20 студенти од кои 15 се редовни. Освен од Велес има и од Скопје и Куманово. 

Задоволни сме што продолжува со работа овој факултет во Велес, кој годинава има 11 години стаж. Тука сме до 2004-та има повеќе од 200 дипломирани студенти. Имаме  обезбедено  услови за непречено студирање, без оглед што две години  по ред имавме мирување и без оглед  на бројот на студенти. Оваа програма е со четиригодишна наставна програма, дипломираните студенти  и имаат можност да работат во повеќе компании, почнувајќи од  Националното биро за осигурување, Агенцијата за суперревизија,  осигурителни компании, фондовите на ПИОМ и здравство. 90 отсто од потребната литература е обезбедена со книги и немата потреба ништо да пишувате    - изјави декан  професор д-р Цветко Андреевски.  

Тој потенцира дека денес повеќето странски компании со инвестиции кај нас во Македонија,  имаат свој оддел за осигурување и дека таму има можност завршените студенти да  се вработат. 

Во исто време, на истиот простор, во некогашното ОУ Јордан Хаџи Константинов Џинот се одржа првиот час за бруцошите од Факултетот за информатички и комуникациски технологии од Битола, до дивергирани студии во Велес за насоката Информатички науки и комуникациско инженерство. На ова насока  има запишано 40 бруцоши од кои  36 редовни и 4 вонредни. Најголемиот дел од запишаните се од Битола, има и од Скопје а најмалку се од Велес. 

Учете, да научите да учите. Оти кога вие по четири или нешто повеќе години ќе завршите, сето тоа веќе ќе биде надминато, застарено. оваа технологија се развива брзо и затоа е потребно да научите да учите. Очекувам дека ќе бидете посветени на студиите оти Вие сте го избрале овој факултет и студиите.  Оваа година е  новина и за нас оти за прв пат се учи четири годишна студиска наставна програма, претходно беа со три години  - им порача  на бруцошите деканот  редовен професор д-р Пеце Митревски.

Тој на студенти им посочи дека тие ќе учат по наставна програма концепирана како на  Metropolitan college при  Boston university од САД. Кога овие студенти ќе завршат добиваат звање дипломиран инженер по информатички и комуникациски технологии.

Студенти на оваа наставна програма, имаат можност да изберат од  17 изборни предмети од 76 кои им се на располагање. Така се  профилираат  за еден од девет можни профили, кој покрива различни работните места, по меѓународна стандардна класификација.

Завршените студените можат да бидат софтверски инженери, компјутерска графика, програмирање видео игри, инженери за комуникациски технологии, компјутерски форензичари, проектанти ан иновациски системи, имплементација на е-технологија во образованието и медицина, инженери на производствени системи, машинска интелигенција и профил ИКТ претприемаштво.   

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »