Петар Печков
Објавено: петок, 09 септември 2022
Техничко- технолошкиот факултет со седиште во Велес, донел одлука сите нови студенти кои се запишуваат на студиската програма Прехранбена технологија и биотехнологија во учебната 2022/2023 како редовни студенти, да ги ослободи од партиципацијата во првата академска година - 200 ЕУР во денарска противвредност. Петте најдобро рангирани и примени кандидати на насоката нутриционизам, исто така се ослободени од партиципација. Одлуката е донесена од страна на Научно- наставниот совет на ТТФ.
Иста ваква одлука имаше и минатата година, со цел привлекување на поголем број студнети.
На двете насоки имаше по 20 слободни места за редовни и 10 за вонредни студенти. Факултетот работи во рамките на Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола. Наставата трае осум семестари. Во првиот уписен рок во двете насоки, беа примени седум кандидати.
Вториот уписен рок е на 14 и 15 септември.
Tweet |