Петар Печков
Објавено: четврток, 01 октомври 2020
Денес првиот ден од октомври, во 11,30 часот, во просториите на Технолошко- технички факултет Велес, се одржи првиот академски час на новите студенти запишани во прва година на прв циклус студии во академската 2020/2021 година. Ова е прва генерација на завршени девето одделенци и генерација која не полагаше матура.
Првиот час беше со физичко присуство на бруцошите, со целосно почитување на мерките и протоколите за заштита од ковид-19, донесени од Комисијата за заразни болести, со задолжително носење на заштитна маска.
Деканот проф. д-р Татјана Калевска ги поздрави студентите, им посака стекнување на многу знаење, уживање во најубавите години на животот кои се пред нив и им ги врачи индексите.
Кажа и дека наставата ќе биде прилагодена на новите услови на живот, под закана од ковид-19 или он лајн.
ТТФ од Велес работи во рамките на Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола, има две насоки нутриционизам и прехранбена технологија и биотехнологија. На факултетот има и после дипломски студии од 2009-та и од 2015 и докторски.
Tweet |