речник контакт

Бруцошите ја започнаа наставата на Техничко- технолошкиот факултет во Велес

За упис имаше и дополнителен четврти успиен рок

Петар Печков

 Со дополнителен четврти конкурс за запишување и нови тројца студенти,  се одржа првиот академски час на студентите во насоките Нутриционизам и Прехранбена технологија и биотехнологија на Технолошко- техники факултет со седиште во Велес.

Индексите на бруцошите им ги врачи деканката проф. д-р Татјана Калеска, која им посака успешни студии и завршување на факултетот.  

Во третиот и дополнителниот четврти уписен рок беа примени тројца студенти на државна квота, сите на  прехранбена технологија и биотехнологија, за која претходно беше укината партиципацијата за упис во прва година,  од 200 евра.

Претходно во двата уписни рока беа запишани осум студенти на прехранбена технологија и биотехнологија и четворица на нутриционизам.

На двете насоки  имаше по 20 слободни места. Факултетот работи во рамките на Универзитетот Св. Климент Охридски од Битола.  Наставата трае осум семестари.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »