речник контакт

Бугарскиот автор и преведувач Тотев е добитник на Почесното Рациново признание, за промоција на македонскиот јазик и култура во Бугарија

Градоначалникот Колев ги покани велешани, како наследници на Рацин, да ги посетата содржините кои нудат богата содржина

Петар Печков

Добитник на Почесното Рациново признание, кое се доделува на Рациновите Средби,  за 2023 година е Бугарскиот автор  Пламен Тотев (59 год), литературен критичар и истражувач, издавач и автор на текстови на популарни песни. 

За Издавачките куќи „Изида“ и „Персеј“ од Софија, досега  има издадено 55 книги од 34 автори, преведени од македонски на бугарски јазик.  Автор е на книгите „За место на врвот“ (1994), „Бугарскиот епски сон“ (1995) и „Животот на класиците“ (2014).

„Ова награда Почесното Рациново признание се доделува за промоција на македонскиот јазик и култура надвор од границите на државата. Тотев за Македонија е значаен поради неговото издаваштво и преведувањето, на бројни македонски автори. Исклучително значаен автор кој работи на промоција на македонската култура и јазик во Република Бугарија, кој претставува мост на зближување“ - кажа Ненад Витанов, член на организациониот одбор.   

60 Рацинови средби ќе се одржат во периодот  од седум дена од 9 до 15 јуни, под мотото „Рацин без компромис“, со настани кои ќе се организираат и на отворено и затворено. Ги организира Општина Велес заедно со Здружението на граѓани „Плус публика“ кое има делегирана надлежност. Годинава се одбележуваат уште два јубилеи 115 години од раѓањето на Коста Солев и 80 години од неговата смрт.

„Годинава се обединија повеќе здруженија и институции за да  ги одбележиме трите јубилеи за Рацин. Општина Велес креираше богата и обемна програма, која достојно  ќе ги одбележи Рациновите средби“ - рече Александра Андреева од Општина Велес.  

Меѓу содржината на годинашнава манифестација се Беседата за Рацин која годинава  ќе ја има  на проф. д-р. Васил Тоциновски а ќе се случи на 10 јуни во Спомен Костурницата.   Тогаш ќе биде соопштен добитникот на Рацинови признание со 2023 година. На конкурсот биле  пристигнати 14 дела а за наградат Рациново признание ќе решава  жирито во состав  Јасминка  Делова Силјановска - претседател,   Снежана Петрова Џамбазова  и Маја Апостоловска.  

На 12 јуни  во  12 ч. е научниот симпозиум на тема Рацин, организиран  од Институтот за македонски јазик. На 15 јуни е поетски митинг со автори од Балканот, кога ќе се додели Почесното Рациново признание. 

На 9 јуни од 8 до 22 часот, ќе биде отворена со бесплатен влез, за посетители куќата на Кочо Солев Рацин, каде ќе има кустос кој ќе ги запознава гостите со предметите поставени во неа.

Манифестацијата е финансиски поддржана од Општина Велес со 600 илјади денари и 200 илјади денари од Министерството за култура.

Градоначалникот Колев ги покани велешани, како наследници на Рацин, да ги посетата содржините кои нудат богата содржина.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »