речник контакт

Бузалково и Сливник отсечени

Немаа струја и 36 часови, немаат пристап до лекар

Петар Печков

Велешките  села  Бузалково, Сливник и Клуковец веќе трет ден се отсечени, поради снежни наноси.    Патот до овие    населени места е непрооден, жителите апелираат механизацијата да го ослободи од снежните  наноси.   Повеќе од три  илјади луѓе, од овој дел  на  велешко   немаат  пристап до градот.  

Од четвртокот вечерта патот кон трите села се отсечени. Патот е непрооден. Имаме луѓе , деца кои се болни им треба лекарска помош, но не можеме д а ја  добиеме. Амбуланта  во селото нема, иако   имавме. Сега сме  оставени на  немилост не студот. Немавме струја 36  часови – велат жителите кои  апелот за  помош го испратија преку социјалните мрежи.    

Од Центарот за  известување  информираа дека   струјата дошла околу 13ч.  а за кога патот ќе биде исчистен надлежна е локалната власт. 

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »