речник контакт

Булките како анти парада

Последното костимско преставување беше на Ирката Емили Авин

Петар Печков

Со анти  парада, симболично насловена ,,Булки,, заврши  костомската презентација, во рамките на Фестивалот на алтернативен театар ,,Импакт,,. Ова беше дело на авторката  Емили Авин   од Ирска,која преку неколку долгокоси девојки, кои беа слепи со балони во рацете, ја дефинираше состојба во нејзината подделна држава Ирска. 

 Овој мој настан е анти  парада, анти парада на спиење, на слобода и  моќза тивко, фино и несвесно движење низ јавниот простор.  Инспирацијата доаѓа од Белфаст, Северна Ирска, кој е познат по паравоените маршеви. Некои други уметници и активисти, кои живеат  во Белфаст,  се обидоа преку креирање на шарени и весели, спектакуларни настани,    кои наликуваат на карневал да ја повратат моќта на  паравоените  изведби - изјави авторката Авин. Т

аа има своја трупа со која настапува по светот. Со овој перформанс ,,Булки,, или афион, не успеала да настапи во Белфаст, од каде црпела идеја, но затоа настапила во Даблин. 

Со овој нејзин перформанс, таа учествуваше годинава  и на Квадриналето во Прага- Чешка. Таа симболично со букет од долгокоси девојки, ја   реализираше нејзина мисла . Девојките се движат бавно, како анти- парада. На крајот од нивното патување, Булките ги пуштаат балоните во небо.  

Четири дена велешани имаа можност да видат различни костимски презентации, кои предизвикаа реакции кај минувачите. Некои позитивни, други негативно,едни ги одминуваа, други се сликаа, што кај авторите беше  примено со задоволство, оти предизвикале било какви реакции.

АНКЕТА »

На што се греете зимава?

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »