речник контакт

В недела часовникот на зимско сметање

Во 3 часот по полноќ стрелките на часовникот треба да се вратат на 2 часот

Петар Печков

Идната  недела, ноќта меѓу сабота и недела меѓу 28 и 29 октомври почнува зимското сметање на времето така што стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час назад. Во 3 часот по полноќ стрелките на часовникот треба да се вратат на 2 часот.  Зимското сметање на времето почнува последниот викенд во октомври и трае до последниот викенд на март.

Поместувањето на стрелките во Западна Европа е воведено во почетокот на 1970-тие години со образложение дека со тоа се „продолжува“ денот. На овој начин се овозможува заштеда во потрошувачката на електрична енергија, се зголемува продуктивноста, се подобрува приспособувањето на луѓето и работниот ден е поефикасен.

Преминувањето на летно и зимско сметање на времето првпат е забележано во 1916 година во земјите на северна Европа, а досега воведено е во околу 70 земји, од кои повеќето се на северната хемисфера.

Стрелките не се поместуваат секаде во светот во исто време. Така, САД и Канада во 2007 година воведоа зимското сметање на времето да почнува во првата недела во ноември и да завршува во втората недела во март.

Поместувањето на времето во поголемиот дел случаи се извршува ноќта меѓу сабота и недела за да не предизвика поголеми проблеми за луѓето кои одат на работа.

Русија целосно го укина зимското сметање на времето во 2011 година, а Исланд е единствената европска земја која не воведе зимско и летно сметање на времето.

АНКЕТА »

Како ви се допаѓа сообраќајното решение за улицата 8 септември од Сармаале до Коњаникот

Резултати

ПРИЈАТЕЛИ »